ВИДЕО: Катастрофална грешка на голманот Јовановски, Работнички си замина со три бода од Струмица

Работнички дојде до голема победа во Струмица, откако со минимални 0:1 на снежниот терен на СЦ „Пандев“ славеше над Академија Пандев.
Двете екипи беа предводени од новите тренер. Александар Васоски со пораз стартуваше во Академија Пандев, додека Александар Влахо со победа кај „романтичарите“.
Се играше претпазли и од двете екипи најчесто на средината од теренот со цел да се прилагодат кон снежните услови.
Стрелец на единствениот гол беше Кристијан Стојкоски кој по катастрофалната грешка на голманот на „пандевци“ Марко Јовановски од далечина ја смести топката во противничката мрежа за минимална но голема победа.
Утре се играат останатите пет натпревари, а дербито се игра во Скопје меѓу Вардар и Пелистер.
Табелата од Првата лига можете да ја погледнете ОВДЕ.