ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО: Карбинци се жали: Оштетени сме на гостувањето во Пробиштип, ова е поништениот гол!

Вчера во рамки на 2. коло од Третата лига – Исток, Карбинци на гостувањето во Пробиштип одигра 0:0 против Рудар.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Денес со соопштение и видео од спорниот момент Карбинци се жали на судиската арбитража бидејќи, како што велат, главниот судија подлегнал на притисокот на домаќините и иако веќе покажал на центарот, го поништил голот. Од клубот додаваат дека добрите односи помеѓу двете екипи и понатаму ќе бидат во прв план.

„ОФК Карбинци оштетен на гостувањето во Пробиштип, ова е поништениот гол. Главниот судија подлегна на притисокот на домаќините и иако веќе покажа на центарот, го поништи голот. Во секој случај, ова беше добар првенствен натпревар помеѓу Рудар и Карбинци, на домаќините им се заблагодаруваме за приемот, добрите односи помеѓу двете екипи и понатаму ќе бидат во прв план“, се вели во соопштението на третолигашот Карбинци.

  • ВИДЕО ОД СПОРНИОТ МОМЕНТ ЗА КОЈ РЕАГИРА КАРБИНЦИ:

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!