ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО: Караорман гази сè пред себе – го „тресна“ Црно Буки, Македонија ја „потопи“ Сатеска во дербито во Враништа

Караорман ништо не го запиша – го доби големото дерби против главниот конкурент Црно Буки и останува осамен на врвот од табелата и ита кон Втора лига. Стружани уште во 12. минута од мечот го отворија резултатот за водство од 0:1, а погодокот го постигна Илија Далчески.

Црно Буки – Караорман

Во вториот дел Валентин Ѓорѓиески зголеми на 0:2 во 50. минута од мечот, а шест минути подоцна Благоја Наумоски намали на 1:2. Веќе во 60. минута домашниот голман капитулираше по трет пат, а стрелец беше Никола Димов.

Црно Буки – Караорман

Караорман сега е на врвот со 28 бодови и има шест повеќе во однос на Македонија од Враништа и Црно Буки кои го делат второто место на табелата.

Кравари на домашен терен одигра 0:0 против Лирија од Грначи и забележа голем бод.

ФОТО: Пеце Стефановски, Кравари – Лирија Грнчари

Мечот меѓу Преспа и Октиси Спорт не го дочека својот крај, откако во 30. минута гостинската екипа поради недосуеден пенал го напушти теренот. Преспа имаше водство од 2:0, а погодоците ги постигнаа капитенот Нико Пластиновски и Леонид Мијак.

Демир Хисар на домашен терен одигра 2:2 против фаворитот Новаци. Домашните први дојдоа до водство со голот на Стевче Ангелевски со 52. минута, а Никола Јовановски успеа да израмни на 1:1 во 76. минута. Јовче Талевски успеа да го донесе Демир Хисар во ново водство од 2:1. Во финишот од мечот Михаил Котевски постигна гол за 2:2 и донесе голем голем бод за Новаци.

Влазними на домашен терен ја збриша Стрела Спорт со убедливи 3:0. Денис Шадов во 34. минута го отвори резултатот за водство од 1:0, а во вториот дел Шпресим Муртезаи и Абил Шаќири ги поставија конечните 3:0.

Македонија Враништа – Сатеска

Македонија го доби големото дерби против Сатеска во Враништа со резултат од 3:2. Ниту поројниот дожд не беше пречка за големиот број на навивачи кои даваа силна поддршка за својата Македонија.

Македонија Враништа – Сатеска

Двоен стрелец за домаќините беше Александар Затуроски, а во финишот гол за домашните постигна и Илија Бушески. За гостинската екипа двата погодоци ги постигнаа Јован Стоески и Боге Бимбилоски.

Победничка атмосфера во соблекувалната на Македонија

Македонија продолжува да го напаѓа врвот од табелата, а победничката серија е мотив плус кај избраниците на Ѓоце Крстаноски.

ТМФЛ Југозапад – Табела 2021/2022

ПозКлубОНПобНПорПОСПРИГРБОД
11211104510+3534
2128223918+2126
3127142624+222
4125612914+1521
5126332820+821
6125433121+1019
7124443129+216
8125072626015
9123361529-1412
10123272225-311
11122462134-1310
121220101352-396
13121291034-245

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!