(ВИДЕО) Каква ГОЛЕМА ПОБЕДА: МАКЕДОНИЈА среде Дуизбург ја среди големата Германија!

Фудбалската репрезентација на Македонија направи голема сензација среде Дуизбург каде со 1:2 славеше над големата Германија. Пандев и дружината одиграа натпревар за паметење, германците ниту со пенал не можеа да се извлечат и дома доживеа голема пораз.
Нашата репрезентација сега има шест бодови во квалификациите за Светското првенство кое се игра следната година во Катар.
Нашиот капитен Горан Пандев беше стрелец за водство на нашата репрезентација од 0:1 во судиското надополнување во првиот дел од натпреварот.
Голот на Гранде Пандев:
Во вториот дел, во 63. минута судијата Карасев покажа на белата точка, a Гундоган беше сигурен реализатор. Во 85. минута Елмас ја стресе мрежата на Тер Штеген за повторно водство на Македонија и конечни 1:2.
Голот на Елмас: