Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Јувентус одвај ја победа Специја во натпревар во кој прими два гола

Јувентус сезонава игра очајно, па на секој натпревар во Серија А прима голови. Вечерва одвај имаше сили да ја победи Специја со 2:3.

Кин во 28. минута го отвори резултатот за водство на Јуве од 0:1, а само пет минути подоцна Емануел Гјаси успеа да го совлада Шчешни за 1:1 и прослави во стилот на Кристијано Роналдо.

На стартот од вториот дел Специја направи сензација, откако Шчешни капитулираше по втор пат, а Антисте донесе водство за домашните од 2:1. Јувентус брзо успеа да се врате резултатски, откако Киеса во 66. минута по асистенција на Мората погоди за 2:2, а шест минути подоцна Де Лихт ги постави конечните 2:3 за прв сезонски трумф на Јувентус.

По пет одиграни кола во италијанскиот шампионат, Јувентус со 5 бодови е на 12-тата позиција со што успеа да излезе од опасната зона, додека пак Специја со бод помалку е на 16-тата позиција.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!