РакометРакомет - Суперлига

(ВИДЕО) Јовиќ: Нашата цел беше пласман во плеј-офот

Еурофарм Пелистер 2 избори пласман во плеј-оф завршницата, каде ќе игра со Вардар, првата екипа на Еурофарм Пелистер, Охрид, Струга, Металург, Бутел и Тинекс Пролет. Младите пелистерци денес ги започнаа подготовките за плеј-офот.

Тренерот Александар Јовиќ вели дека нивната цел била пласман во плеј-офот.

„Нашата цел беше пласман во плеј-офот, иако бевме дел од Б групата, која беше далеку поквалитетна. Одигравме многу неизвесни натпревари, одевме по потешкиот пат и заслужено го обезбедивме плеј-офот. Во овие играчи има уште квалитет. Во првиот дел не успеавме да го извадиме максимумот од него. Заедно со мојот тренерски тим ќе се погрижиме да го извадиме најдоброто од секого и тоа да го вклопиме во тимска целина, бидејќи само добар тим носи резултат“, вели Јовиќ.

Еурофарм Пелистер 2 плеј-офот го отвара на гостински терен против поранешниот европски првак Вардар, а во последното коло ќе игра исто така на гостински терен против екипата на Бутел.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!