Останато
ВИДЕО: Излетувањето на Иџе во Монца од камерата во автомобилот

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе излета од патеката Монца поради неспортски потег на еден од колегите, кој пред самиот крај на трката удри директно во возилото на Стефановски, по што Македонецот излета од патеката и удри во заштитната ограда.
Иџе на неговата официјална фејсбук страница објави видео од излетувањето од патеката од камерата во атомобилот и напиша:
„Сум имал дуели на стаза и тоа доста жестоки и тоа е дел од играта, но ова, ова не се простува!“
Видеото од излетувањето на Иџе од камерата во автомобилот:
Инаку на отварањето на новата сезона на ТЦР италијанскиот шампионат, Иџе долго време беше прв, но на крај заврши на четвртото место ,а денес за жал не ја заврши втората трка.