ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Италија слави против Белгија и закажа дуел со Шпанците во полуфиналето

Италија е вториот полуфиналист на Европското првенство. „Азурите“ беа подобри од Белгија во возбудлив четвртфинален дуел со 1:2, и така закажаа дуел со Шпанците.

Мрежата на „Алијанц Арена“ во Минхен за прв пат се затресе 13. минута кога погоди Бонучи, но судијата Славко Винчиќ го анулираше голот на италијанскиот дефанзивец по асистенција од ВАР-собата. „Азурите“ поведоа преку Николо Барела во 31-та минута кога успеа брилијантно да го матира Тибо Куртоа.

Одличниот финиш на првото полувреме најпрво беше зачинето со одличен погодок во 41. минута од Лоренцо Инсиње, а последната состојка беше досудениот пенал и успешното реализирање од страна на Ромелу Лукаку во втората минута од судиското продолжение.

Резултатот не се смени во второто полувреме, иако имаше неколку можности за тоа. Ромелу Лукаку ја имаше најголемата шанса во 61. минута кога ја прими топката од Кевин Де Брујн, но слабо шутираше и го погоди Спинацола на гол-линијата.

Италија за противник во полуфиналето ќе ја има Шпанија, која денес ја победи Швајцарија по подобро изведување пенали. Полуфиналниот натпревар на старите ривали се игра во вторник (6 јули) од 21 часот на „Вембли“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!