ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Италија преку пенали до финале на ЕП, Донарума го прочита Мората!

Италија по подобро изведување на пенали се пласираше во големото финале на Европското првенство, откако славеше над Шпанија со 4:2 во пенал-рулетот по 1:1 во регуларниот дел и продолжението. Ниту по 120 минути немаше победник, резултатот од 80. минута кога Мората погоди за 1:1 не се промени ниту во продолжението. „Аѕурите“ преку пенал-рулетот станаа првиот финалист на Европското првенство, а противникот ќе биде познат утре во дуелот меѓу Англија и Данска.

Италија стигна прва до водство, откако во 60. минута Федерико Киеза ја стресе мрежата на Унаи Симон. Дваесет минути подоцна Мората израмни на 1:1 со што „фуријата“ започна со уште поголем притисок кон голот на противникот, но мрежите мируваа.

Шпанците го продолжија притисокот и во продолжението, но без успех, па финалистот беше решен на пенали.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!