
Италија по втор пат се искачи на европскиот трон, откако во финалето на Европското првенство ја победи на Англија по изведувањето на пенал со 3:2 (1:1).
Англија дојде прва до водство уште во 2. минута со голот на Лук Шо. Во вториот дел Италијанците тргнаа со многу поголем притисок од првиот дел и тоа резултатираше со гол во 67. минута гоа Бонучи ја стресе мрежата на Англија и го „замрзна“ „Вембли“.
До крајот на натпреварот Италија имаше голем притисок, но резултатот не се промени, по што следуваа продолженија, но и понатаму мрежите мируваа. Победникот беше решен во пенал-рулетот, а Италија беше подобра и на крајот сосема заслужено по вторпат се искапи на европскиот трон!