ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Италија ја прегази Турција на отварањето на ЕП

Италија со убедливи 0:3 славеше над Турција на отварањето на Европското првенство. Италијанците беа далеку подобар противник на „Олимпико“ во Рим.

Резултатот на натпреварот беше отворен со со автогол на Мерих Демирал во 53. минута од натпреварот. Во 66. минута Имобиле ја стресе мрежата на противникот за 0:2. Притисокот кон голот на Чакир продолжи, а Инсиње ги постави конечните 0:3 во 79. минута.

ТАБЕЛАТА ОД ГРУПА А ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Селекторот на Италија, Роберто Манчини пополека, но сигурно оди кон остварување на првата цел, а тоа е Италија да заврши на првото место во групата. Турција ќе мора многу да работи за следниот натпревар и да го поправи овој лош впечаток од вечерва.

Во следното коло Италија игра против Швајцарија, додека Турција ќе се соочи со Велс.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!