ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Италија ја декласираше Швајцарија, „Аѕурите“ први патуваат во осминафиналето на ЕП

Репрезентацијата на Италија е првиот патник во втората фаза од Европското првество, откако на „Олимпико“ со голем квалитет и моќ славеше со убедливи 3:0 над Швајцарија која одигра под ниво.

Кјелини ја смести топката во противничката мрежа во 19. минута од мечот меѓутоа ВАР го поништи неговиот погодок. Резултатот го отвори Локатели, откако во 26. минута постигна гол за 1:0.

Моќната Италија продолжи со доминацијата и во вториот дел од натпреварот, откако Локатели постигна втор гол за двојна предност на „аѕурите“. Конечните 3:0 ги постави Чиро Имобиле во самиот финиш од натпреварот.

Табелата од групата А погледнете ја ОВДЕ.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!