ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Италија до четвртфиналето по првото продолжение на ова ЕП, Австрија немаше среќа

Италијанската репрезентација многу потешко од очекувањата избори пласман во четвртфиналето на Европското првенство. „Азурите“ ја победија Австрија по продолженијата со резултат 2:1. За првиот гол се чекаше 95 минути кога резервистот Федерико Киеза успеа да исконтролира тешко додавање и на крајот од акцијата со левата нога ја испрати топката во неодбранетиот дел на мрежата на австрискиот голман.

Во самиот финиш на првото продолжение, уште еден резервен играч, Матео Песина, постигна погодок по асистенција на Белоти. Утешниот погодок за Австрија беше дело на уште еден резервен играч на овој натпревар, Саша Калајџиќ, кој ја испрати топката во мрежата на италијанскиот гол во 114-та минута по еден корнер. Ова беа први продолженија на ова Европско првенство, а со оваа победа Италијанците резервираа патување во Минхен, каде ќе ги одмерат силите со подобриот тим од дуелот помеѓу Белгија и Португалија, кој се игра утре од 21 часот.

Претходно во 18:00 часот Данска го „разби“ Велс и беше првиот патник во четвртфиналето на Европското првенство.

Данска ќе го чека исходот од дуелот меѓу Холандија и Чешка за противник во четвртфиналето.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!