Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Историски триумф на Брентфорд: Арсенал со пораз ја започна сезоната!

Дебитантот во Премиер лигата, Брентфорд, забележа историски триумф во тоа натпреварување, бидејќи на домашен терен го победи Арсенал со 2-0 на почетокот на новата сезона.

Повратникот во елитниот ранг на англискиот фудбал по 74 години не можеше да замисли подобар почеток.

Пред своите фанови на стадионот „Брентфорд заедница“ го собори славниот лондонски ривал и за само 90 минути покажа зошто повторно е во друштво на најдобрите.

Иницијативата Брентфорд ја препушти на Арсенал, ја чекаше својата шанса од контранападот и во два наврати успеа да го погоди противникот.

Серхи Канос ги донесе „пчелите“ во предност со првиот гол во новата сезона во 22. минута, а потврдата за триумфот дојде во 73. минута, кога Кристијан Норгард го постави конечниот резултат и им предизвика голема главоболка на „топџиите“ во премиерниот натпревар.

Тимот на Микел Артете цело време ја имаше контролата врз топката, вкупно 22 удари кон голот на тимот предводен од Томас Френк.

Голманот на Брентфорд, Давид Раја ги запре ударите на офанзивните играчи на Арсенал и со тоа исклучително придонесе за историскиот триумф на неговиот тим.

Арсенал во следното коло ќе се сретне со Челзи. Брентфорд е домаќин на Кристал Палас.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!