ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Холандија ја доби Австрија, Македонија и официјално остана без осминафинале!

Холандија со 2:0 славеше над Австрија и оди во следната фаза, а тоа значи дека Македонија и официјално остана без шанси за пласман во осминафиналето на Европското првенство. Клучен беше денешниот пораз од Украина за нашите репрезентативци, кој имаат уште една натпревар на ЕП, против Холандија во Амстердам веќе в понеделник.

Мемфис Депај уште во 11. минута го отвори резултатот за водство на Холандија, откако претходно успешно го реализираше досудениот пенал. Вториот гол за „лалињата“ го постигна Дензел Дамфрис во 67. минута за конечни 2:0.

Во последното коло од групата Ц, Холандија ќе игра против Македонија, додека Австрија ќе игра директен дуел со Украина.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!