ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Холандија го доби трилерот, Украина одигра фантастичен меч!

Холандија со победа над Украина со 3:2 го стартуваше Европското првенство во меч од првото коло од групата Ц. Одличен натпревар со пет голови на „Јохан Кројф Арената“ и важна победа за „лалињата“.

Холандија тргна одлично и дојде до водсво од 2:0 со головите на Џорџинио Вајналдум и Вут Вегхорст. Кога сите мислеа дека тука победникот е решен, Украина заигра нешто подобро и преку капитенот Андриј Јармаленко кој постигна вистински еврогол ја врати селекцијата во игра.

Роман Јеремчук погоди и донесе израмнување од 2:2. Холандија направи притисок кон голот на противникот и успеа во намерата. Думфрис во 85. минута ја стресе мрежата на украинската репрезентација и ги обезбеди трите бодови.

Украина е следен противник на Македонија веќе во четврток, ддоека Холандија ќе игра против Австрија во второто коло од групата Ц.

ТАБЕЛИТЕ ОД СИТЕ ГРУПИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!