ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ВИДЕО: Гранде Пандев со „шпалир“ и аплаудирање од страна на холандиските фудбалери испратен во репрезентативна пензија!

Горан Пандев денес го одигра својот 122 настап во дресот на македонската фудбалска репрезентација, но и последен натпревар. Струмичанецот беше во игра до 68. минута кога селекторот Ангеловски го земани.

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња беше земен со Тихомир Костадинов, а додека го напушташе теренот, Гранде Пандев доби „шпалир“ од целиот тим и овации од стадионот, додека холандиските фудбалери му аплаудираа, како и гледачите на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.

Пандев своето деби за македонската репрезентација го имаше во далечната 2001 година, а неговиот сон беше да ја заврши кариерата на едно големо натпреварување како што е Европското првенство, сонот на Пандев и на цела македонска јавноста се оствари, тој на голем настан како што е Европското се прости од дресот со државниот грб.

Горан ти благодариме за се’!

ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!