ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Горан Пандев најави голем проект за македонскиот фудбал и градот Струмица

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев изминатиот период беше во Милано, каде беше во посета на стадионот на Брера, „Арена Сивика“ кој важи за еден од најстарите фудбалски стадиони во Европа.

Првиот човек на македонскиот прволигаш Академија Пандев беше пречекан од претседателот на Брера, Александро Алеоти, а Пандев од Милано најави голем проект за доброто на македонскиот фудбал и градот Струмица.

„Новата ера во фудбалот започнува од Струмица – Партнерство кое ветува! За успешно партнерство и големи резултати потребни се силни и стабилни партнери!“

Брера неодамна потпиша договор за соработка со Академија Пандев, како и со Интер и Милан.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!