ЕУРО 2020Фудбал

(ВИДЕО) Голеада во Минхен: Германија со одлична игра го среди првакот Португалија!

Португалија и Германија приредија спектакл во Минхен, во меч со шест гола Германците го совладаа актуелниот европски првак Португалија со 2:4. Дефинитивно денешниот натпревар беше најдобар на шампионатот.

Резултатот го отвори Кристијано Роналдо кој истрча неверојатен спринт од гол на гол и донесе водство за Португалија од 1:0. Но, европскиот шампион потоа сам си пресуди, откако си постигна два автогола на Диаз и Гереиро, па Германија на полувремето имаше водств од 1:2.

На стартот од вториот дел Хаверц постигна гол за 1:3, а целата игра на Португалија се распадна во 60. минута, откако Госенс постигна гол за високи 1:4. Седум минути подоцна Жота даде гол за 2:4 по асистенција на Роландо за конечен резултатот.

Како изгледа ситуацијата во групата Ф можете да погледнете овде.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!