ВИДЕО: „Ѓаволски“ триумф за Јунајтед, Роналдо го „реши“ Арсенал

Мајкл Керик си го направи своето, забележа две победи и едно реми во три тешки натпревари и сега клупата на Манчестер Јунајтед му ја препушта на Ралф Рангник.
Германецот го чека пеколна напорна работа на „Олд Трафорд“, но великанот вечерва во дуелот со Арсенал најде начин да ја прекине серијата од три натпревари без победа во Премиер лигата.
Јунајтед славеше со 3:2, а разликата ја направи човекот кој тоа го прави во текот на цела негова кариера – Кристијано Роналдо.
Португалецот беше двоен стрелец, па стигна до рекорд – тоа му беа 800 и 801 гол во кариерата.
Смит-Роу им донесе предност на „топчиите“, тоа беше бизарен гол додека Давид де Хеа лежеше повреден, а Бруно Фернандеш израмни до полувремето.
Во продолжение – рутински гол на Роналдо, па израмнување на Мартин Едегард, кој подоцна стана трагичар. Во 66. минута Роналдо од пенал ги постави конечните 3:2.
Ова е прв триумф за Јунајтед на „Олд Трафорд“ од 11 септември и дуелот со Њукасл.