ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО: Фудбалскиот терен на Велазерими во Кичево претворен буквално во езеро и подготвен за ватерполо

Фудбалскиот терен на третолигашот Велазерими во Кичево од денес е претворен буквално во езеро и подготвен за натпревари во ватерполо.

За жал и тоа го има кај нас, терени во многу лоша ситуација, па екипите се приморени да ги откажуваат тренинзите но и натпревари.

До нашата редакција пристигнаа две видеа преку кои може да се виде дека теренот е буквално под вода и нема никакви шанси во следните денови да се одржи тренинг ниту фудбалски натпревар.

Оваа не е прв пат да се случуваат вакви поплави на овој терен, од клубот за Спортска Мрежа велат дека ова се случува повеќе пати во последните пет години.

Клубот ги повикува надлежните еднаш за секогаш да се реши проблемот со попловувањето на теренот.

„Агенцијата за Млади и спорт, Општината, Фудбалската федерација на Македонија треба да го решат овој проблем еднаш за секогаш или Агенцијата. Точно да се види причината зошто се случуваат вакви поплави во континуитет во последните пет години, клубот пак има материјална штета“, велат од Велазерими за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!