Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Фудбалска историја на „Паркот на принцовите“ – претставен Меси!

Лионел Меси официјално беше претставен како ново засилување на Пари Сен Жермен. Францускиот клуб промовираше на новиот напаѓач ја најави на Ајфеловата кула, а пред тоа, првата прес-конференција се одржа во „Паркот на принцовите“, на која присуствуваше првиот човек на клубот и Лео Меси. Аргентинецот пристигна во француската престолнина со своето семејство во вторникот.

Почетокот на промоцијата беше закажан за 10 часот, кога започна приемот пред „Паркот на принцовите“, а специјална студиска емисија ги следеше фановите пред стадионот, со најубавите голови на Лионел Меси во неговата кариера, што беа прикажани на големото платно пред портите на стадионот: „Меси, Меси“.

Започна и прес-конференцијата, а воведен говор имаше претседателот на парискиот клуб.

„Среќен сум и горд што можам да кажам дека Меси е новиот играч на ПСЖ. Тоа е историјата на клубот, фудбалот, целиот свет. Тоа е фантастичен момент за нас. Секој знае кој е Лео. Тој е единствениот играч што ја освоил „Златната топка“ шест пати. Ова е прекрасно за нашите фанови ширум светот. Одлично е што успеавме да го донесеме, да бидеме дел од клубот. Пред 10 години, имаше луѓе кои се сомневаа што ќе направи ПСЖ, каков проект подготвуваат. Отсекогаш сме биле амбициозни и верувавме во нашите цели. Благодарност до сите што веруваа. Не беше тајна дека го сакавме најдобриот играч на планетата. Лео, сакам да ти се заблагодарам, како и на твојот татко и на твоето семејство. Исто така, на нашиот спортски директор и луѓе што не можете да ги видите во моментов, но многу од нив беа вклучени во сето ова. Направивте одлична работа. Лео, добредојде во семејството на ПСЖ. Сигурен сум дека вашето семејство, вашите деца ќе бидат среќни овде. Добредојдовте“, рече Насер Ал Келаифи.

„Многу сум среќен, сите знаат како ја напуштив Барселона, бев тажен, таму бев многу години, не е лесно да се збогувам со сето тоа. Но, доаѓањето тука ми донесе среќа, можев да продолжам со тренинзите и натпревари. Се ова се случи брзо, но уживам во сите работи овие денови, како и со моето семејство. Сега сакам да тренирам, да го видам тимот, тренерите, да започнам нова етапа во мојата кариера. Сакам да му се заблагодарам на претседателот, но и на целиот клуб од првиот ден кога ја контактираа Барселона, како ја завршија работата. Беше тешка ситуација и ја решивме толку брзо. Ви благодарам на сите за тоа. Пресреќен сум, желен за игра, за победа. Ова е амбициозен клуб. Подготвен сум да играм за овој клуб, да освојувам титули и затоа мислам дека заедно можеме да продолжиме во таа насока. Благодарност до фановите во Париз, што ме пречекаа така, изненаден сум, придонесува за мојата среќа. Сигурен сум дека сите заедно ќе уживаме во заедничкиот период во клубот“, рече Меси и го коментираше фактот дека ќе биде дел од напаѓачкото трио со Нејмар и Мбапе:

„Среќен сум, лудо е. Мило ми е што ќе ја делам соблекувалната со двајцата. Со нетрпение го очекувам почетокот на тренинзите и натпреварот со нив. Ќе играм со најдобрите и тоа е секогаш убаво, треба да уживате во сето тоа.“

Меси одигра 778 натпревари за Барса, постигнувајќи 672 гола и 266 асистенции. За Аргентина одигра 151 натпревар и 76 пати се запиша во листата на стрелци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!