ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ВИДЕО + ФОТО: Снегот го одложи мечот меѓу Велешта и Силекс

И дуелот меѓу Велешта и Силекс е одложен бидејќи теренот во Велешта е под снег и нема никакви услови за игра. Во рамки на 10. коло од Втората лига – Исток и Запад веќе три мечеви се одложени.
Освен во Велешта, фудбал поради снег не се игра и во Гостивар, додека пак во Радовиш теренот „плива“ во вода за што веќе Спортска Мрежа информираше и објави видео од катастрофалниот терен.


