ФудбалФудбал - Македонска репрезентацијаФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО + ФОТО: Џани Алиоски во родното село Црнилиште гледа турнир во мал фудбал!

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ги заврши настапите на Европското првенство со Македонија и дојде во Македонија каде ќе помине дел од својот одмор.

Алиоски кој настапува во дресот на Лидс во англиската Премиер лига, дојде во прилепското село – родното Црнилиште. На Џани најмногу му се радуваа најмалите, но и цело Црнилиште.

ФОТО: СпортскаМрежа.МК

Инаку, фудбалскиот клуб Црнилиште се натпреварува во Третата лига – Југ, и минатата сезона одигра одлично и беше на праг да обезбеди влез во Втората лига – Исток. Вчера во Црнилиште започна турнир во мал фудбал, а најголем гостин на овој турнир се разбира е Џани Алиоски.

ВИДЕО: СпортскаМрежа.МК

Во моментот се играат натпревари на игралиштето во Црнилиште пред голем број на гледачи. Џани ги поздрави сите присутни и сите читатели на Спортска Мрежа.

ФОТО: СпортскаМрежа.МК

Џани Алиоски во друштво на капитенот на третолигашот Црнилиште, Мустафа Селманоски.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!