ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

(ВИДЕО) ФК Слога Виница: Судиите нè уништија на дербито во Струмица!

Второлигашот Слога 1934 од Виница со минимални (1:0) го загуби дербито во Струмица од Беласица во битката за бараж за Прва лига. Виничани по завршување на натпреварот реагираат дека нивниот клуб е оштетен од судиската арбитража.

Revolution Development е софтверска компанија aпосветена на развој на врвни решенија за бизниси

  • Целосното соопштение на ФК Слога 1934 Виница:

„Ништо ново за фудбалот во Македонија. Во Струмица се случи најнепосакуваното нешто за еден дерби натпревар. Дерби во кое судиите си земаа за право да го одлучат победникот.

Очигледно и со намера главниот судија Трпчевски од Кавадарци низ текот на целиот натпревар ја фаворизираше домашната екипа и со тоа успеa да стави печат на „криминалните“ судиски одлуки кои се протнуваат низ сезоната во Македонскиот фудбал и кои се синоним за судиската организација. Премалку се зборови кои можеме да ги употребиме, а да го опишеме денешното очајно и катастрофално судење, однапред исценирано за домашната екипа да добие незаслужени три бода, притоа ние да бидеме обесправени во битката за промоција во првата лига. Најпрво, во осмата минута, не досуден прекршок од зад грб врз нашиот напаѓач Симевски кој беше во контра напад. Исто така, 18та минута од првото полувреме, не досуден фаул врз нашиот капитен кој беше близу шеснаесетникот на противникот.

Понатаму, при изведување на корнер и нафрлување од десната страна нивен играч играше со неговата десна рака сакајќи да ја прими топката на гради и со тоа да ја исфрли надвор од шеснаесетникот, наспроти тоа досудени премногу „ситни“ фаули во напад во корист на противникот. Можеби најклучниот спорен момент на натпреварот кога нашата екипа беше оштетена е во 85тата минута од натпреварот при игра во шеснаесетникот на Беласица, нашиот напаѓач Симевски беше фаулиран од зад грб, судијата се одлучи наместо пенал, да го казни нашиот напаѓач со жолт картон заради симулација.

Уште многу недосудени прекршоци направени врз нашиот капитен Митров, но и врз останатите наши играчи, доволно за да влијаат врз текот на играта на натпреварот.Во целост нерегуларен гол за Домаќините, не досудени два чисти пенали за нашата екипа и неколку сомнително офсајд ситуации со кои сме оштетени.

Ова не е првпат Слога1934 да се соочува со вакви судиски одлуки. Во текот на целото првенство се соочувавме со оркестрирано судење против нашата екипа.

Навикнати сме да гледаме како судиската тројка си ја извршува дадената задача од нивните „претпоставени“ се со цел да ни наштетат нам и на сите вистински љубители на фудбалот во Виница. Фер-плејот беше мисловна именка,за жал не победи подобриот, за жал победи неправдата. Слога 1934 била е и ќе биде“, се вели во соопштението на второлигашот од Виница.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!