ВИДЕО: Еврогол на Миланов, но и „гол тежок 91 година“, на Младост 1930

Изминатава среда, на фудбалскиот терен во Кривогаштани, се одигра одложениот натпревар од Третата македонска фудбалска лига – Југ помеѓу екипите на Младост 1930 и Росоман.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Во 9. минута од натпреварот се случи една несекојдневна ситуација кога Хоки Тодоровски (49) одлично го проигра својот соиграч Ивица Мијајлески (42), кој искусно ја смести топката во мрежата на гостите. И сè ова немаше да биде ништо чудно доколку збирот на годините на двајцата фудбалери кои активно се натпреваруваат во Третата лига не изнесуваше ни повеќе ни помалку туку 91 година.
Уште поинтересен е фактот што овие двајца не се највозрасните играчи на тимот каде капитенот Роберт Пејоски има ни повеќе ни помалку туку точно 50 години.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247
Во 19. минута од слободен удар Бојан Миланов постигна еврогол и ги постави конечните 1:1.
- ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЕВРОГОЛОТ НА МИЛАНОВ ОД СЛОБОДЕН УДАР И ПОГОДОКОТ НА МИЈАЈЛЕСКИ: