Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Еве што прави Ибрахимовиќ додека Шведска е на ЕВРО 2020

Шведска одлично турка на Европското првенство без најдобриот стрелец во историјата и има четири бода од првите два натпревари, но нејзините играчи и навивачи би сакале да биде со нив и Златан Ибрахимовиќ.

Сепак, Златан за тоа време ужива на Мајорка. Тој на Инстаграм објави видео на кое се вози со велосипед покрај морето. Тоа видео доби милион лајкови.

Да потсетиме, стрелецот на 62 гола за Шведска се врати во националниот тим пред три месеци по скоро пет години.

На двата квалификациски натпревари за СП, тој постигна два гола и стана најстариот (39) репрезентативец во историјата на неговата земја.

Како што претходно објавивме Ибра успешно го оперираше повреденото колено и на фудбалските терени се враќа на крајот на месец август, односно за два месеци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!