ЕУРО РАКОМЕТ

ВИДЕО: Еурофарм Пелистер ја „збриша“ Татабања со 13 разлика и прослави со „Чкембари“ среде Битола!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дефинитивно го одиграа најдобриот натпревар сезонава и забележаа убедлива победа од 33:20 над Татабања, во меч од 4. коло од ЕХФ Европската лига.

На почетокот од натпреварот во Битола се играше гол за гол, а потоа се покажа дека Еурофарм Пелистер е повеќе расположен за игра и за погодоци, па започна да прави разлика која на почетокот беше четири при 9:5. Разликата и предноста битолчани постојано ја зголемуваа до 17:9 на полувреме.

Во вториот дел домашните во „Боро Чурлевск“ одиграа доминантно и сосема заслужено забележаа триумф со конечни 33:20.

Најефикасен кај домашните беше десниот бек Матео Мараш со шест погодоци, а по пет постигнаа Јосип Периќ и Рение Табоада. Кај гостинската екипа Бенце Хорњак беше најефикасен со шест погодоци.

По завршувањето на натпреварот верните „Чкембари“ и пелистерци заедно ја прославија убедливата победа.

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!