Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Елмас со два гола го одведе Наполи во нокаут рундата во ЛЕ!

Фудбалерите на Наполи со триумф од 3:2 против Лестер на стадионот „Диего Марадона“ го обезбедија второто место во групата Ц од Лигата на Европа и со тоа обезбедија 1/16 финале од нокаут рундата.

Херој на мечот е македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој двапати ја стресе мрежата на Лестер. Македонскиот „дијамант“ стрешале за 2:0 во 24. минута за „наполитанците“, а во 53. минута погоди за конечните 3:2. Адам Оунас погоди за 1:0 уште во 4. минута, а пак Лестер преку Еванс и Дусбери-Хол се врати на 2:2.

Реал Сосиедад го совлада ПСВ Ајндховен со 3:0, додека пак Спарта Прага беше подобра во дуелот со Брондби (2:0. Реми (1:1) на дуелот меѓу Лион и Глазгов Ренцерс, а реми со по еден гол (1:1) имаше и на дуелот меѓу Штрум и Монако.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!