ВИДЕО: Екипата на Враништа Б.З. е победник на турнирот „Враништа 2022“

Екипата на Враништа Б.З. го освои големиот турнир во мал фудбал „Враништа 2022“, откако по регуларните 0:0 во пенал рулетот, Враништа Б.З. со 3:5 беше подобра од екипата на Д-р Баткоски.
Во битката за трето место, екипата на Книжарница Клио со убедливи 3:0 триумфираше над Искра.
Враништа Б.З. како победник на турнирот освои награда вредна 80.000 денари, Д-р Баткоски кој заврши на второто место освои парична награда од 34.000 денари. За третопласираната екипа на Книжарница Клио беше врачена награда од 17.000 денари, додека пак за екипата на Искра која заврши на четвртото место беше доделена награда од 3.000 денари.
Најдобар стрелец на турнирот беше Роберто Далчески од Книжарница КЛИО со 8 погодоци, кој доби награда од 2.000 денари.
- Натпреварот за трето место и големото финале:
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал беше медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Враништа 2022“!