ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Дрита реагира на судењето на натпреварот со Кадино

Дрита од Боговиње преку соопштение реагира на судењето на натпреварот против екипата на Кадино одигран во рамки на 23. коло од Втората лига – Запад.

Целосното соопштение на ФК Дрита:

„Нашиот клуб доби скандалозно судење од страна на Ристе Сејменов од Струмица на дуелот против Кадино кој се одигра во рамки на 23. коло од Втората лига – Запад. Натпреварот заврши со резултат од 2:1 за Кадино.

Вреди да се напомене дека овој судија беше назначен за четврти на натпреварот, но по повредата на главниот судија Сашко Ристов, тој ја презеде правдата и донесе скандалозни одлуки.

1. Во првиот случај во 48. минута, тој не го санкционира играчот на Кадино со црвен картон поради удар на нашиот фудбалер во лицето;

2. Во следната ситуација во 53. минута, тој додели жолт картон на наш играч по чиста интервенција каде немаше елементи за тоа;

3. Во третиот случај една минута потоа, по првиот жолт картон тој додели и втор жолт картон иако немаше фаул во овој случај.

Повторно сакаме да кажеме срам да му е на Ристе Сејменов, кој беше главен актер и ни ја скрои судбината на овој натпревар“.

Видео од спорните моменти:

Дрита води тешка борба за опстанок и во моментот со 17 бодови е на деветтото место на табелата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!