ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

(ВИДЕО) Драгарски: Го ценам противникот и тренерот Васоски, но верувам и во соиграчите

Екипата на битолски Пелистер утре на домашен терен ќе игра директен дуел со Академија Пандев за директен опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Капитенот Христијан Драгарски пред натпреварот со финалистот на Купот на Македонија рече:

„Знаејќи дека ова е трет натпревар во шест дена, и психички и физички ќе биде многу тешжок натпревар. Секој бод е значаен, а од наша страна може да ветам дека Пелистер секогаш игра на три бода. Така ќе биде и утре попладне. Исклучително го ценам тренерот Васоски. Со неговото доаѓање, Академија Пандев има нагорна линија на формата и тоа го докажаа со пласманот во финалето на Купот на Македонија. Ќе биде тактички тежок натпревар, а јас се надевам дека бодовите ќе останат во Битола“, вели Драгарски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!