Европски ФудбалФудбал

(ВИДЕО) Дожд од голови во Рим: Лацио стигна од 1:3 до 4:3, а потоа остана без триумф во 99. минута

Фудбалско лудило на „Олимпик“ во последниот натпревар од 15. коло во Серија А. Осум гола и на крајот Лацио и Удинезе мораа да се задоволат со бод (4:4).

Лацио губеше со 3:1 на полувремето, откако „зебрите“ направија што сакаа со одбраната на ривалот.

Двапати го погоди Бето (за 2:0), еднаш Молина за 3:1, на другата страна Имобиле ја затресе мрежата.

Свирежите на навивачите ги испратија играчите во соблекувалната, но продолжението беше сосема друга приказна.

Педро, а потоа Милинковиќ-Савиќ израмнија на 3:3 до 56. минута, но веднаш потоа Лацио остана со десет поради исклучувањето на Патрик.

Не помина многу време и Молина доби втор жолт картон со што и Удинезе имаше играч помалку, а тоа како да беше знак за домаќините да одат на се или ништо.

Од тоа профитираше во 79. минута кога Ачерби со глава донесе три бода, се мирисаше на чудесен пресврт, но Лацио потоа се сопна. Ремито го потпиша Арслан во 99. минута.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!