Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Докторите мораа да ја скршат вратата на возилото на Брзата помош, со цел да спасуваат голман на теренот

Градското дерби во бугарското првенство меѓу Славија и ЦСКА Софија заврши со резултат од 2:3, но натпреварот беше одбележан со една бизарна ситуација, на што сведоци беа навивачите, како и гледачите пред ТВ екраните.

Голманот на Славија, легендарниот 46-годишен Георги Петков заработи повреда во еден дуел со противничкиот играч- Жорди Каисед, по што домашниот голман не можеше да стане, па на теренот мораше да интервенира и брзата помош.

  • Моментот кога лекарите ја кршат бравата за да ја отворат вратат од возилото на Брзата помош:

Кога возилото на Брзата помош пристигна на теренот, докторите не можеа да ја отворат вратата и да ја извадат опремата со цел да му укажат лекарска помош на повредениот голман. На крајот одлучија да ја скршат бравата со цел да ја отворат вратата и овој метод се покажа како успешен.

Што се однесува до голманот Петков, тој бил префрлен во болница на дополнителни прегледи, од каде било констатирано дека со него е сè во ред.

ЦСКА Софија е втора на табелата со 44 бодови додека пак Славија е петото место со 29 бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!