ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО: Димов во 89. минута донесе прва радост, Возарци ДМД го сруши Бучин

Возарци ДМД за првпат сезонава забележа триумф, откако во заостанатиот натпревар од 14. коло од Трета лига – Југ со 2:1 триумфираше над Бучин на домашен терен.

Прегледот на натпреварот го овозможи Revolution Development

Домашниот том преку Душко Крстевски во 16. минута дојдоа до водство од 1:0 резултат со кој се замина на полувреме. На стартот од вториот дел Бојан Мицески постигна гол за 1:1 со што гостите се вратија во рамноправна борба за трите бодови.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Неизвесноста за трите бодови траеше до самиот финиш, а херој на мечот беше капитенот Сашко Димов кој во 89. минута ја стресе противничката мрежа откако реализираше удар од белата точка за конечни 2:1 и прва голема радост за Возарци ДМД.

  • Видео од погодокот на Димов реализиран од белата точка:

Екипата на Возарци ДМД е нов член на Третата лига – Југ, а до крајот од сезоната борбата ќе биде насочена кон опстанок во третолигашкото друштво.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!