ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ВИДЕО: Детонит со максимални подготовки за дербито со Кожуф

Радовишки Детонит максимално се подготвува за дербито против Кожуф кое е од голема важност и за двете екипи во битката за сигурен опстанок во Втората фудбалска лига за следната сезона.
Тренерот на радовишани Илија Сасански репрезентативната пауза максимално ја искористи за „мини“ подготовки, а токму тоа се покажа и клучно на дуелот против Кит Го каде Детонит славеше со минимални 1:0 во Радовиш и впиша три многу важни бодови.
Натпреварот се игра в сабота на Градскиот стадион во Гевгелија.