ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Детонит означи старт на подготовките за пролетната полусезона

Македонскиот второлигаш Детонит од Радовиш од вчера ги започна подготовките за пролетната полусезона во Втората лига – Исток.

Тренерот Илија Сасански вчера ја имаше првата прозивка, а во пролетната полусезона радовишани имаат за цел сигурен опстанок во второлигашкото друштво и за следната сезона.

Подготовките ќе бидат одработени во Радовиш каде и има одлични услови во Спортскиот центар „Азури“. Како што дознава Спортска Мрежа веќе се договорени и неколку контролни натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетните предизвици во борбата за опстанок.

На 22. јануари радовишани ќе играат против Кожуф од Гевгелија, на 29. јануари следува тест со Кит Го, а пак за 2 февруари е закажана контролка со кочански Осогово. Многу веројатно е дека Детонит ќе се тестира и со второлигашот Гостивар и прволигашот Борец од каде се чека потврда за термин.

Спортска Мрежа дознава дека Детонит се разделува со Емир Рунчевски, Никола Спасов, Никола Ѕурѕу, Златко Стојанов, Дарко Јованов, Филип Купанов и Дине Цветанов.

Според информациите со кои располага Спортска Мрежа Детонит е пред потпишување со пет засилувања, кои ќе бидат промовирани во следните денови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!