ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГАФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО: Детонит е шампион во Трета лига – Исток, радовишани се враќаат во Втора лига!

Радовишки Детонит е шампион во Третата лига – Исток, клубот по две сезони повторно се враќа во Втората лига – Исток.

Детонит одигра одлична сезона во Третата лига – Исток каде важеше за голем фаворит, а фаворитската улога ја оправда со прво место и враќање во второлигашкото друштво. Доколку не се одигра бараж натпреварот меѓу Хоризонт Турново и Братство Житоше, тогаш Плачковица ќе опстане во Втората лига – Исток, па од следната сезона радовишани повторно ќе гледаат Градско дерби како пред две сезони.

Вчера на Градскиот стадион во Радовиш беше доделен шампионскиот пехар на Детонит.

Инаку, покрај Детонит нов второлигаш кој за прв пат ќе игра во Втора лига – Исток е екипата на Локомотива од Градско која е шампион во Трета лига – Југ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!