
Репрезентацијата на Финска продолжи со одличните настапи и на Европското првенство, откако на „Паркен“ во Копенхаген го доби скандинавското дерби со победа над Данска од 0:1.
Натпреварот беше прекинат по немилиот настан кој се случи, откако Кристијан Ериксен колабираше и загуби свест. Натпреварот беше прекинат.
Данците беа подобар тим, но Финците со единствена шанса реализираа и дојдоа до победа историска победа на Европското првенство. Стрелец за единствениот победнички гол за Финска беше Џоел Похјанпало.
Тејлор покажа на пенал точката, но голманот Храдецки го прочита ударот на Хојбјерг и го спаси својот гол.
До крајот на натпреварот Финска одигра одлично во одбраната, а Данска немаше решение за ваквата цврста одбрана.
ТАБЕЛА ОД ГРУПАТА Б НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ