ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Данска ја надигра Чешка и обезбеди полуфинале на ЕП!

Данската фудбалска репрезентација е третиот полуфиналист на Европското првенство откако ја победи Чешка со 1:2 во четвртфиналниот дуел одигран на Олимпискиот стадион во Баку.

Данците поведоа во 5-та минута кога Стригер Ларсенизведе корнер и топката го пронајде Томас Делејни. Екипата на Каспер Хјумланд го удвои водството во 42-та минута по одличната асистенција на Јоаким Меле, а Каспер Долберг успешно ја погоди противничката мрежа. Чесите во второто полувреме тргнаа со голем притисок кон противникот, а наградата дојде во 49-та минута кога Патрик Шик искористи центаршут на Владимир Куфал.

Тоа беше петти гол на чешкиот напаѓач на овој шампионат, па тој се израмни на врвот на листата на стрелците со Кристијано Роналдо.

Данска ќе се соочи со подобриот тим од дуелот меѓу Украина и Англија во среда (7 јули) во полуфиналето на „Вембли“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!