Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Данска го уништи Велс, обезбеди четвртфинале и испиша историја на ЕП!

Данската репрезентација е првиот четвртфиналист на Европското првенство откако во осминафиналето го совлада Велс со 4-0.

Со оваа победа Данците ја испишаа историјата на Европските шампионати. Тимот на Каспер Хамленд стана првиот тим во историјата на ова натпреварување кој постигнал четири или повеќе гола на два натпревари по ред.

Каспер Долберг го отвори резултатот во 27. минута, додека на стартот од второто полувреме Долберг со втор гол донесе двојна предност за данската репрезентација. Меле во 88. минута зголеми на високи 0:3 со што и дефинитивно беше решен победникот, а кога сите очекуваа крај на натпреварот, Брајтвајт во 94. минтуа ги постави конечните 0:4.

Данска во четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Чешка и Холандија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!