ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Чешка со спорен пенал одигра реми со Хрватска

Хрватска и Чешка ги поделија бодовите откако одиграа 1:1 на „Хемден Парк“ во Глазгов. Чесите први го отворија резултат, откако успешно беше реализиран спорниот пенал од страна на Патрик Шик во 37. минута.

На стартот на вториот дел од натпреварот Иван Перишиќ ја стресе мрежата на Чешка и брзо ја врати Хрватска во игра за трите бодови. До крајот на натпреварот имаше по неколку атрактивни шанси и кај двете страни, но мрежите мируваа.

Чешка сега има четири бода во групата, а Хрватска има еден и ќе биде под силен притисок во третото коло да ја победи Шкотска и да се надева на пораз на Чешка од Ангалија со цел да обезбеди осминафинале.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!