ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Чешка со голема победа над Холандија обезбеди четвртфинале

Фудбалската репрезентација на Чешка приреди големо изненадување за Европското првенство. Во осминафиналето, Чесите сензационално ја совладаа фаворизираната Холандија со 0:2 и така закажаа четвртфинален дуел со Данска (3 јули, Баку).

По првото полувреме во кое недостасуваа само голови, во второто полувреме видовме два погодоци, но и двата во мрежата на холандскиот гол. Најпрво, Мален промаши колосална шанса во 52-та минута, а во контранапад на Чешка, Де Лихт направи неверојатен потег за кој доби директен црвен картон.

Чесите поведоа во 68-та минута кога по центаршутот на Барак, Калас ја врати топката од втората статива, а Холес се најде на вистинското место. Истиот играч 12 минути подоцна и одлично го пронајде Шик, кој го потврди триумфот на неговата репрезентација.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!