(ВИДЕО) Братство преку Мустафоски до убедлив триумф над Големо Коњари

Во воведниот натпревар од одложеното 18. коло од Третата лига – Југ, екипата на Братство 07 на домашен терен запиша убедлива победа над Големо Коњари од 3:0. Најзаслужен за големата победа беше Мустафоски Наим кој постигна два погодоци.
Резултатот беше отворен во 25. минута со гол на Шабанов Насаф за водстство на домашната екипа од 1:0, резултат со кој се замина и на полувреме.
Во вториот дел неизвесноста и можноста за изненадување траеше само до 72. минута, кога на Мустафоски со два брзи атрактивни погодоци ја потврди победата на неговата екипа. Најпрво тој стрелаше во 72. минута, а две минути подоцна искусниот Мустафоски по втор пат ја стресе мрежата за конечни 3:0.
Првиот гол на Наим Мустафоски:
Братство 07 игра фантастична сезона, а екипата има реални шанси за прво место и влез во Втората лига – Исток, што е нивна цел.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Колото ќе биде комплетирано денес, кога ќе бидат одиграни и останатите натпревари кои започнуваат подоцна.
Еден Коментар