ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Борец се „одјави“ со победа над Тетекс, погледнете ги двата гола на велешани

Борец денес одигра контролен натпревар со второлигашот Тетекс од Тетово, кој го доби со 2:0. Победа за „одјава“, бидејќи после натпреварот играчите добија информација дека сопственикот Кочо Анѓушев се повлекува и нема повеќе да го спонзорира клубот, со што играчите ќе добијат исписници и ќе може да бараат нови клубови за продолжување на нивната кариера.

Денешниот натпревар за најголем број од играчите ќе биде последен, бидејќи дефинитивно после ваквата информација тие ќе продолжат во нова средина.

Првиот гол го постигна Стојан Стојчевски во 44. минута од натпреварот, додека вториот гол го постигна Лука Трајковски во 73. минута.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!