ВИДЕО: Борец на втората контролка ремизираше со Работнички во Велес

Фудбалерите на велешки Борец денес на домашен терен одиграа нерешено со екипата на Работнички играјќи 1:1.
На Градскиот стадион „Зоран Паунов“ први до водство дојдоа „романтичарите“ со гол на Петровиќ во 20. минута од натпреварот. Српскиот интернационалец кој е на тестирање во тимот на Работнички, се снајде најдобро во петерецот по слободниот удар од десната страна и ја затресе мрежата на Борец.
Целиот натпревар меѓу Борец и Работнички:
Водството на Работнички беше анулирано кон крајот на натпреварот. Борец израмни со погодокот на Ибрахимовиќ во 82.минута од дуелот.
Борец во претходниот контролен натпревар загуби од Академија Пандев во Струмица со 2:1.
Слениот тест на формата за Работнички ќе биде в сабота против Тетекс, со почеток во 14:00 часот. Борец исто така против Тетекс ќе игра следната среда (27. јануари).