(ВИДЕО) Блажевски: Тиквеш има традиција и клубска историја, преку бараж во Прва лига!

Искусниот тренер Пане Блажевски денес го имаше првиот собир со фудбалери на Тиквеш во Кавадарци.
Во изјава за РКТ.мк Блажевски вели дека Тиквеш има традиција и клубска историја, екипа која се бори за Прва лига.
„Како искусен тренер и повеќе екипи што сум водел, Тиквеш е една од екипите што има традиција и клубска историја, во последно време има амбиции да влезе во Прва лига, веќе 4-5 години се бори за Прва лига. Ова година Тиквеш се наоѓа на втората позиција со разлика од седум бодови од Брегалница. Имаме и друга опција ако се задржи второто место преку бараж со прволигаш Тиквеш да успее да се врати во Првата лига. Играчите во клубот ги знам, тоа што моментално е во клубот, сите играчи се дојде пред мене, сега имаме две нови засилувања Петар Љамчевски и млади перспективни играчи вратени од Росоман. После неколку дена тренинзи, ќе видам некоја моја филозофија, евентуално да се засилиме со неколку играчи на позициите на кои сметам дека тоа ќе биде потребно“, вели Блажевски за РТК.мк
Тиквеш есенскиот дел од сезоната го заврши на второ место на табелата во Втората лига – Исток со 35 бодови, седум помалку од лидерот Брегалница од Штип.
Тиквеш ќе игра пријателски натпревари со Беласица на 21 јануари во Неготино, на 30 јануари ќе игра со Плачковица од Радовиш, на 6 февруари со Работнички, а четвртиот натпревар ќе биде дополнително договорен.
оментари