ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Блажевски ќе прозива утре, главните подготовки во Охрид, договори и контролни натпревари

Новиот прволигаш Тиквеш кој по 17 години се врати во Првата македонска фудбалска лига утре во 17:00 часот ги започнува подготовките за новата сезона. Подготовките ќе започнат во базата односно во Кавадарци каде ќе бидат одиграни и два пријателски натпревари.

На 11 јули екипата ќе се сели во Охрид каде покрај езерото ќе бидат одработени главните подготовки и ќе бидат одиграни уште четири пријателски натпревари.

Во клубот утре ќе пристигнат и четири играчи кои ќе бидат на проба, па доколку се покажат, истите ќе бидат задржани во екипата.

Буџетот на Тиквеш за следната сезона која започнува на 8 август е утврден и според тоа ќе се гради екипата.

Пане Блажевски останува на клупата на Тиквеш и во Првата лига.

Дел од гостувањето на претседателот на клубот Миле Масларков во спортската емисија „Спортодром“ на „РТК“:

Целосното гостување на Масларков во „Спортодром“ на „РТК“ погледнете го овде.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!