Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Беше без клуб, бараше работа и сакаше да се откаже од фудбалот, а сега е рекордер во ЛШ

Челзи ја освои Лигата на шампионите откако во финалето на „Драгао“ славеше против Манчестер Сити (1:0).

Голманот на Челзи, Едуард Менди, влезе во историјата на натпреварувањето со последниот натпревар. Сенегалецот синоќа успеа да ја сочува мрежата недопрена и на тој начин се изедначи со рекордот во Лигата на шампионите по бројот на натпревари без примен гол. Синоќешниот натпревар беше негов деветти оваа сезона во која тој не прими гол, па го израмни рекордот што го држеа Сантијаго Канизарес (2000/01 со Валенсија) и Кејлор Навас (2015/16 со Реал). Тој го прослави трофејот и рекордот во прегратките на неговата мајка.

Во исто време, 29-годишниот фудбалер стана првиот африкански голман кој ја освоил Лигата на шампионите. Тој пристигна во Челзи на почетокот на сезоната од Рен за 24 милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!