Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Бензима се врати во репрезентацијата на Франција и веднаш промаши пенал!

Францускиот напаѓач Карим Бензема по шест години се врати во репрезентацијата на „триколорите“, а на своето „второ деби“ по само 26 минути ја пропушти шансата да постигне гол од белата точка.

Франција вечерва одигра пријателски натпревар против Велс во Ница, а во 26. минута судијата Годињо покажа на белата точка за „триколорите“. Одговорноста ја презеде Бензема, кој се врати во репрезентацијата по шест години, а неговиот удар во долниот десен агол го одбрани голманот на Велс, Дени Вард, кој ја прочита неговата намера и го запре ударот од белата точка.

За потсетување, Бензема беше исклучен од француската репрезентација во 2015 година поради скандал во кој неговиот соиграч Матје Валбуена го обвини дека го уценувал со неговите порно видеа, а напаѓачот на Реал Мадрид секогаш ги негираше овие обвинувања.

И кога се чинеше дека тој повеќе нема да игра за националниот тим, селекторот Дидие Дешамп ја изненади јавноста и го стави на списокот од 26 играчи за ЕП. Сепак, на првиот натпревар за Франција, Бензема не успеа да погоди од белата точка за водство на неговиот тим и со тоа да го прослави враќањето во националниот тим.

Интересно, Бензема промаши само три пенали во кариерата, а сите три ги шутираше за репрезентацијата на Франција. Првиот го промаши во 2014 година против Шведска, вториот истата година против Швајцарија, а вечерва промашениот пенал е трет во кариерата.

Треба да се каже дека во нападот на Франција играат Бензема, Гризман и Мбапе, кој најверојатно ќе биде триото што ќе ги предводи „триколорите“ на ЕП.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!